Делегација од турскот град Едрење, предводена од гувернерот на овој град, Хасан Дуруер, ги посети Маврово-Ростуше и Гостивар при што имаше средба со градоначалниците на овие општини.

 mir3

Во Ростуше, од градоначалникот Мукрем Мехмеди, беа запознати со условите и можности што ги нуди општината за привлекување странски инвесатиции, размениле мислења и околу унапредувањето на соработката  во областа на образованието и селскиот и планински туризам, за што постојат идеални услови во ова подрачје.

Дуруер, го нагласил фактот на поголемата концентрација на иселеници, пред се од ова подрачје во Едрење и желбата на турските бизнисмени, по потекло од тука, да инвестираат за развој на родните места на нивните родители или на ним самите.